Background

ЗМЕП Трајков од Балканскиот алумни самит 2025: Наш врвен приоритет е реализацијата на европската агенда

Заменик-министерката за европски прашања, доц.д-р Викторија Трајков која беше панелистка на Балканскиот алумни самит 2025 порача дека Македонско-Американската Алумни Асоцијација  во изминативе години имаше значајна улога во градењето на новите генерации базирани на квалитетно знаење, образование и лидерство кое отвори нови перспективи за целиот регион.

На овој настан свое учество имаа и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Африм Гаши, заменик шеф на Мисијата при амбасадата на САД, Никол Варнс, гувернерката на Народна банка, Анита Ангеловска Бежовска и други видни експерти и претставници на алумни асоцијации.

,,Инвестирањето во образованието е инвестиција во иднината. И само општествата кои можат да го разберат ова ќе можат да одат напред, носејќи се со предизвиците на патот кон успехот. Владата која ја претставувам ја разбира потребата од градење на модерни општества, чија иднина ќе зависи од младите генерации кои од нас очекуваат конкретни одлуки за развој на нивните капацитети и способности” порача заменик-министерката Трајков.

- Advertisement -
Ad image

Пред присутните гости од регионот, заменик-министерката потенцираше дека како носители на политики создаваат услови со кои младите ќе можат да се чувствуваат европски и така и да делуваат. Интензивно се работи на забрзување на евроинтеграцискиот процес, кој напоредно со економскиот развој е еден од врвните приоритети на  Владата.

,,Наш врвен приоритет е реализацијата на европската агенда и имплементација на реформите со што ќе го олесниме пристапниот процес во ЕУ. Креираме политики за имплементација на реформските процеси коишто ќе водат кон моделирање на добар здравствен, образовен и правен систем. Само така може да ги подобриме состојбите за сите граѓани, а младите да ги задржиме дома” нагласи заменик-министерката Трајков.

Самитот е организиран во партнерство со Амбасадата на САД во Скопје и на едно место ги собра алумните на американски владини програми од Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Косово и Бугарија кои се активни професионалци, лидери и претставници на алумни асоцијациите во своите матични земји.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation