Background

Ракометниот клуб АЕК од Атина одби да игра против Алкалоид во Скопје

Ракометниот клуб АЕК од Атина одби да игра против Алкалоид во Скопје, обвинувајќи ги македонските власти дека им ја ускратиле поддршката од навивачите – но пред две години, истиот клуб ја обвини грчката полиција што дозволила навивачи на Динамо Загреб да влезат во Грција.

Дали АЕК применува двојни стандарди кога станува збор за навивачите? Пред две години остро ја обвинија грчката полиција што дозволила организирани хулигани од Хрватска да ја преминат границата и да предизвикаат немири во Атина, додека сега (2025), РК АЕК одби да настапи против македонскиот Алкалоид затоа што македонските власти дозволиле во сала само 200 од вкупно 650 билети за гостинските навивачи.

Според дописничката на МИА од Атина, тогашниот извршен директор на ФК АЕК, Јоргос Космас, во август 2023 година изјави дека „Динамо Загреб и грчката полиција се целосно одговорни за она што се случи“, кога беше убиен 29-годишен навивач на АЕК пред натпревар од квалификациите за Лигата на шампиони.

- Advertisement -
Ad image

Во споредба, минатиот викенд, РК АЕК го одложи натпреварот со Алкалоид во СЦ „Борис Трајковски“ поради ограничувањето на билетите за нивните навивачи, кои не беа пуштени преку граница, според информациите на клубот.

– Нашиот клуб и МВР донесоа одлука бројот на влезници за гостинските навивачи да биде 200. Тука се кршеа копјата. Дел од навивачите беа во Скопје, а дел не. Тие што беа овде дадоа ултиматум дека ако тимот истрча на терен без поддршка, ќе има последици по враќањето во Атина – изјави претставникот на Алкалоид, Зоран Цветановски.

Неколку часа пред натпреварот, АЕК преку официјално соопштение информираше дека македонските власти не дозволиле повеќе од 200 билети и повика навивачите без билети да не се приближуваат до салата, со образложение дека постои безбедносен ризик.

На крај, АЕК не се појави на теренот. Клубот ја обвини „локалната власт на Скопје“ за неправда и непочитување на нивните навивачи, оценувајќи ја одлуката како „неопходна, но тешка“.

Интересно е што на првиот натпревар во Атина, одигран на 18 мај, навивачи на АЕК фрлаа предмети и чаши вода кон клупата на Алкалоид, при што дојде до тензија на трибините. Тренерот Кире Лазаров, заедно со дел од играчите на АЕК, се обиде да ги смири ситуацијата.

Во олимписката сала во Атина, натпреварот го следеа околу 7.800 гледачи, а помала група од поддржувачи на Алкалоид беше мета на навреди од страна на домашната публика.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation