Background

ВМРО-ДПМНЕ: Хидроелектраните Чебрен и Галиште ќе бидат инвестиција од 1,3 милијарда евра, а ќе се градат со пари од британскиот заем

Хидроелектраните Чебрен и Галиште ќе бидат инвестиција од 1,3 милијарда евра, а ќе се градат со пари од британскиот заем, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Изминатите 7 години СДСM и ДУИ ја заборавија животната средина, немаше ниту еден проект за заштита на животна средина и за намалување на аерозагадувањето. За владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ заштитата на животната средина и подобрувањето на квалитетот на воздухот е главен фокус. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ има конкретен план, визија и решенија за заштита на животната средина. Конкретен план за Чебрен и Галиште“, се вели во соопштението.

Изградбата на хидроцентралите Чебрен и Галиште се стратешки проект, најмалку од три главни аспекти, се додава во соопштението.

- Advertisement -
Ad image

„Овие две хидроцентрали се потребни не само од аспект на производство на електрична енергија. Од аспект на климатските промени, овие два нови резервоари за вода заедно со постојната акумулација Тиквеш, ќе обезбедат дополнителна количина вода за Тиквешко Поле, 55-60 илјади хектари прва класа земјоделско земјиште каде има многу земјоделци, овоштари, каде се користи организираниот систем за наводнување, а во одреден период од годината се јавува недостаток на вода. Исто така, овие две акумулации, со оглед на околината на Мариово којашто е ненаселена, ќе дадат придонес и од аспект на туризмот и нови приватни инвеститори во иднина“, се вели во соопштението.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation