Ивановски вели дека градбата на брзата пруга ќе почне доцна наесен

Lorita
By Lorita 6 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Македонија ќе има годишен приход од 100 до 120 милиони евра само во товарниот сообраќај со предвидената изградба на брзата пруга на Коридорот 10, изјави во гостување на Сител директорот на МЖ Инфраструктура Синиша Ивановски. Според него „целта е да имаме брз и ефикасен транспорт, да се забетонираме на мапата на карго Европа“.

– Се очекува годишен приход од 100 до 120 милиони евра само во товарниот сообраќај заради тоа што пристаништата во Атина, Солун, Александропулос и во Кавала постојано бележат нагорна линија, најбрзиот пат е преку Македонија, треба да ја искористиме нашата позиционираност – посочи Ивановски.

Набавката на брзите возови, како што рече, е одговорност на МЖ Транспорт.

– Сигурно дека за пет години од сега мора да имаме нови возови, не само тоа, ние со постоечките возови нема да можеме да влеземе во Европската унија. Мора да се набават возови и локомотиви што ги исполнуваат стандарите и тоа е во планот на Владата, да се набават нови возови – рече Ивановски.

Според директорот на МЖ Инфраструктура, за пет години ќе се заврши и реконструкцијата и изградбата на новата пруга, а и двете ќе се користат и за патнички и за товарен сообраќај.

Тој најави дека во септември ќе има првични геолошки активности и истражувања на терен, а механизација доцна наесен.

– Најидеален дел каде да се гради е до постоечката пруга, сигурно ќе има потреба од експропријација, но ќе се трудиме тоа да го сведеме на минимум и да нема проблеми. Од друга страна, тоа што ќе се гради до постоечката пруга е веќе пат што е трасиран и проблемите на терен се веќе познати. Постојните 235 километри ќе се трудиме да ги намалиме на 200 и под 200 километри, секаде каде ќе има можност ќе се исправат кривините – рече Ивановски.

Тој најави дека ќе бидат вградени 30 проценти британски компоненти, што, потенцира, ни одговара бидејќи се на второ место по квалитет во светот.

– Сигурен сум дека премиерот ќе има состаноци со сите стопански комори, ќе биде понудена соработка и ќе има простор за вклучување на секоја македонска компанија – посочи Ивановски.

- Advertisement -
Ad image

Ивановски истакна дека во план на Владата е да се набават брзи возови кои ги задоволуваат европските стандарди и образложи како ќе се движат и на кои станици би застанувале патничките возови.

– Брзите возови се одговорност на МЖ транспорт, мора да се набават возови, локомотиви кои ги задоволуваат тие стандардите и тоа е во планот на Владата да се набават тие возови. Пред се постоечката пруга ќе се реконструира целосно, ќе ја искористиме трасата да дојде до 160 км на час и ќе се направи уште една паралелна согласно можности по двете ќе се користи и товарен сообраќај и патнички сообраќај. Ќе видиме согласно проектот што е можно помалку, но во исто време ќе имаме и конектори, Скопје сигурно ќе го поврземе, аеродромот Петровец, сигурно ќе биде во Велес и во Гевгелија, но во втора фаза ќе го пуштиме Кочани спрема Штип до Велес да има како луѓето да доаѓаат до овие централни станици на кои ќе можат да се качуваат за меѓународен сообраќај.

Бројот на станици за застанувања на патничките брзи возови ќе се утврди со проектот, но како што рече, што е можно помалку, но во исто време ќе има и конектори.

- Advertisement -
Ad image

Целта е, појасни, да има брз и ефикасен транспорт поради што Министерството за транспорт во соработка со соседните држави ќе направат сè што е можно да има само едно застанување.

Во однос на изградбата на железницата на Коридорот 8 кон Бугарија Ивановски повтори дека и покрај многуте барања што ги испратил до раководството на бугарската железница да дојдат на средба за да се дефинира техичкото решение нема позитивен одговор. Во последниот допис што му го испратиле, рече дека му посочиле во иднина комуникацијата да биде преку Амбасадата и Министерствата за надворешни работи и за транспорт.

– Ми дојде непријатно, дури да се извинам што пишувам воопшто покана, ако нешто сакаат да работиме, да работиме. На крајот на денот ние и реално работиме. Првата фаза Куманово – Белјаковце со австриски „Штрабаг“ ја завршивме, на втората фаза од Бељаковце до Крива Паланка со турски „Ѓулермак“ војни водам, но пак работиме, споро но одиме напред. А нивното „домашно“ е само 500 метри од Ѓуешево до граница кое не се случува, а и од Софија до Ѓуешево нивната пруга е во страшно лоша состојба.

По надминување на проблемот со Бугарија, најави дека фокусот ќе биде на пругата кон Албанија со која користиме заеднички грант од ЕУ за техничко решение, а како што рече, имаме коректна комуникација.

Share This Article