Background

Министерката Божиновска доби благодарница од МЕМО за личниот ангажман

Во рамки на официјалната церемонија по повод издавањето на првите Гаранции за потекло на електрична енергија од обновливи извори, Националниот оператор на пазарот на електрична енергија – МЕМО, ѝ додели официјална благодарница на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.

Благодарницата беше врачена како признание за личниот ангажман и институционалната посветеност на министерката Божиновска во деблокирањето и финализацијата на сложениот процес за воспоставување на системот за Гаранции за потекло – процес кој речиси две години тапкаше во место, оптоварен со технички, регулаторни и координациски предизвици.

– Преку јасна институционална поддршка, интерресорска координација и директно вклучување во решавање на клучни препреки, министерката Божиновска одигра клучна улога за нејзиното конечно активирање – изјави управителот на МЕМО, Зоран Ѓорѓиевски, при врачувањето на признанието.

- Advertisement -
Ad image

Гаранциите за потекло се суштински чекор напред кон зелена и одржлива енергетска трансформација на земјата, механизам што ја отвора вратата за транспарентен, конкурентен и европски усогласен енергетски пазар.

На истиот настан, министерката Божиновска официјално ги додели првите сертификати за потекло на електрична енергија од обновливи извори на компанијата АД ЕСМ. Станува збор за гаранции за електрична енергија произведена во хидроелектраните на ЕСМ, со што се потврдува дека енергијата има чисто, обновливо и еколошки одржливо потекло.

– За нас е посебно значајно што првите издадени Гаранции се однесуваат на електрична енергија произведена од хидроенергетските капацитети на АД ЕСМ кои користат чиста и обновлива енергија од вода. Ова е доказ за нашите континуирани напори за производство на електрична енергија на еколошки начин и нашата посветеност кон зелената транзиција. Гаранцијата ќе им овозможи на нашите клиенти сигурност во потеклото на енергијата што ја купуваат и ќе придонесе кон зголемување на свеста за важноста на обновливите извори – нагласи генералниот директор на АД ЕСМ, Лазо Узунчев.

Со воспоставувањето на овој систем, Македонија прави голем исчекор напред во интеграцијата со европскиот енергетски пазар, зголемувајќи ја транспарентноста, одржливоста и долгорочната стабилност на домашниот енергетски систем.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation