Македонската ракометна публика синоќа остана без можност да ужива во историски ракометен спектакл, откако вториот финален натпревар од ЕХФ Европската лига меѓу РК Алкалоид и грчки АЕК не се одигра. Иако скопскиот тим имаше предност од четири гола од првиот меч и беше на само 60 минути до европска титула, гостинската екипа одби да излезе на терен поради, како што објавија, закани од нивни навивачи.
Додека се чека официјалната одлука од Европската ракометна федерација (ЕХФ) за разврската на натпреварот, РК Алкалоид денеска се огласи со официјално соопштение упатено до фановите кои во голем број присуствуваа во СЦ „Борис Трајковски“.
„Жалиме што натпреварот не се одигра затоа што гостинскиот состав не сакаше да излезе на теренот и спортски да се бори за пехарот. Ви благодариме за безрезервната поддршка и што во голем број дојдовте да бидете со нас на чекор до историја“, се наведува во соопштението на клубот.
Од Алкaлoид информираат и дека сите билети за натпреварот ќе бидат рефундирани. За онлајн купените билети, повратот на средствата ќе се изврши автоматски во рок од 15 работни дена, додека за билетите купени на продажни места, враќањето на парите ќе се врши на истото место со приложување на фискална сметка и самиот билет.
„Се надеваме дека заедно ќе славиме нови успеси во иднина. Благодарност за континуираната поддршка и трпение“, порачуваат од клубот.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
