Background

СВЕЧЕНО ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ НА НАЈДОБРИТЕ ОСНОВЦИ И СРЕДНОШКОЛЦИ ОД ОХРИД

Како дел од свечената програма за чествување на  24-ти мај, Денот на сесловенските просветители, претпладнево пред споменикот на Кирил и Методиј на Охридскиот кеј се одржа пригоден настан на кој беа доделени награди на охридските ученици, кои оствариле високи резултати на државни и регионални натпревари.

Пред бројните ученици, родители, наставници и делегации, свое обраќање имаше градоначалникот Кирил Пецаков.

– Поради името што го носам, 24-ти мај секогаш сум го доживувал како мој личен празник, како мој важен дaтум. Но денес, кога стојам тука, пред споменикот на нашите светители, тоа чувството е уште посилно и повозвишено.

Денес, тоа чувство се преточува во гордост и чест, затоа што на ваков достоинствен начин го прославуваме празникот на писменоста, словото и љубовта кон знаењето.

Почитувани охриѓани, ценети наставници, драги ученици, уважени гости  

Светите браќа Кирил и Методиј, апостолите на словенството, ги втемелија корените на писменоста и културата на нашиот народ. Затоa, со длабока благодарност и исконска почит, се поклонуваме пред нивното дело – дело што не е само духовен патоказ, туку и столб на нашиот идентитет.

Благодарение на љубовта која ја имале кон нашиот род, ни подариле глас во црквата, име меѓу народите и светлина во душите.

Ги прославувам тие што ни го оставија словото, со кое ја запишавме поуката на Светото Писмо и ја пееме славата Божја на нашиот јазик. Нема поголем дар од оној што ни го дадоа – писменоста, преку која го познавме законот и го запишавме вечниот живот.“ 

Овој цитат на нивниот ученик Свети Климент Охридски нека одекне силно и нека биде наш мотив да продолжиме да чекориме на вистинскиот пат и да го чуваме и вреднуваме името на светите браќа, како најголем аманет.

Тоа е особено важно, затоа што се уште се соочуваме со предизвици околу нашето историско право и се уште е актуелна борбата за одбрана на нашиот национален идентитет, на нашата историја, култура и традиција.

Мисијата на овие први учители е порта кон нашето спознавање, а нивното дело ни докажува дека не сме случаен народ. Ние сме народ со своја азбука, свој јазик, своја духовност– народ што говори со срце и пишува со душа.

Почитувани,

Охрид како древен град, скапоцен бисер и тврдина на словенската писменост, со посебно внимание го чува споменот на Светите Кирил и Методиј. Тука нивното дело доби живот, во секој камен, во секоја буква, во секое писание. Тука се создадоа првите училишта, се напишаа првите книги, се изградија храмовите на македонската културна и духовна судбина.

Токму затоа, денес, со огромна пофалба, им оддаваме признание на нашите најуспешни ученици – младите охридски надежи, кои со својот труд и талент се вистинска гордост за сите нас.

Драги деца, вие се продолжувачи на светата мисла. Вие сте идните чувари на знаењето и на вистината. Учете, истржувајте, сонувајте и продолжете да бидете свои на своето. Вие сте лицето на Охрид и современа Македонија – образована, достоинствена и самобитна.

Општина Охрид секогаш ќе стои на страната на образованието. Ќе вложуваме уште повеќе, ќе ги поддржуваме учениците, наставници и институции – затоа што иднината на еден народ се гради врз просветата.

Нека живее делото на Кирил и Методиј! Нека е за многу години! Нека е вечен Охрид нека е вечна Македонија! Ви благодарам!

На настанот, беа доделени вкупно 357 признанија на ученици од сите основни и средни училишта од Општина Охрид кои освоиле 1-во,2-ро,3-то место на официјални натпревари, по повеќе наставни предмети.

- Advertisement -
Ad image

Во рамки на чествувањата по повод празникот во ЦК „Кирил и Методиј“ во населба Кошишта се одржа панихида и  фолклорен концерт, а на плоштадот Свети Климент Охридски се одржа Фестивалот за поезија за деца „Стихувалки“.

 

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation