Од 29 мај до 30 јуни е рокот во кој носителите на лиценци за вршење на енергетски дејности, вклучително и лиценците за пробна работа треба да поднесат барање за промена на лиценцата, соопшти Регулаторната комисија за енергетика(РКЕ).
Ова е обврска произлегува од новиот Закон за енергетика, која ако не се заврши на време носителите ќе ја изгубат лицецата.
„Барањето за промена ќе се смета за уредно доколку биде доставено до архивата на РКЕ, или пратено до официјалната електронска пошта erc@erc.org.mk или пратено по пошта во наведениот рок при што ќе мора подносителот да достави доказ за приемен датум од пошта на официјалната електронска пошта“, се наведува во соопштението.
За промена на лиценцата по овој основ на носителот не му се наплаќа надоместок за постапката за менување на лиценцата.
Барањето за промена може да се преземе од веб страницата на Регулаторната комисија за енергетика или во архивата на Регулаторната комисија за енергетика.
За секоја лиценца се поднесува поединечно Барање за промена, односно не може со еден Образец да се поднесе Барање за промена на повеќе од една лиценца.
Од Регулаторната информираат и дека лиценци за пробна работа, согласно новиот Законот за енергетика, ќе може да се продолжат исклучиво за тестирање на техничките перформанси на енергетскиот објект и влијанието врз енергетскиот систем на којшто е приклучен, други основи не се предвидени.
„Напоменуваме дека одредбите од новиот Закон за енергетика не предвидуваат привремена лиценца“, се наведува во соопштението.
Обврската да ја променат лиценцата имаа 8.800 носители на лиценца за енергетски дејност и околу 150 за пробна работа.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
