Редовното сервисирање на субвенциите кон земјоделците е приоритет, исплатени се 105.002.614 денари (1,7 милиони евра) кон 7.158 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
„Денеска се реализираше исплатата на подмерката за дополнителни директни плаќања од подмерката за остварено производство од домат, пиперка, краставица, корнишон, зелка, грав и компир на отворено и во пластеници од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година. Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат засадени површини со домат, пиперка, краставица, корнишон, зелка, грав и компир, а оствареното производство е предадено на регистриран откупувач, вклучително и произведените градинарски култури за потребите на сопствениот преработувачки капацитет или е користено за домашни потреби или е продадено на пазар“, соопшти Министерството.
Разликата е воочлива, грижата кон земјоделците ја докажуваме со работа, се додава во соопштението.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
