Врз основа на Годишната програма за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2025 год. бр. 08 – 15415/55 од 25.12.2024 год., Одлуката за поставување на урбана опрема и времени објекти и за утврдување на висината на надоместокот (закупнина) во општина Охрид бр. 08 – 15415/56 од 25.12.2024 година, Извод бр.19-5940/2 од 14.04.2025г. од Општина Охрид, Одлука бр.02-212/4 од 30.04.2025 год. од Управен одбор на ЈП Градски пазар, Директорот на ЈП Градски Пазар Охрид објавува:
ОГЛАС бр. 3/2025
ПРИБИРАЊЕ НА ПРИЈАВИ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА ЗА ПРОДАЖБА-ТИПИЗИРАНИ ТЕЗГИ ЗА СУВЕНИРИ
ЈП Градски Пазар Охрид издава простор – локација за поставување урбана опрема за продажба-типизирани тезги за сувенири. Урбаната опрема се издава за следната намена:
1.1 Локација: Стар град – Варош вкупно 10 локации
Локациите за продажба на сувенири се наоѓаат:
1.2 Локација: Кеј Македонија вкупно 9 и тоа: 1а, 2а, 3а, 4а, 5а, 6а,7а,8а и 9а
1.3 Графички приказ со нумерички ознаки на урбана опрема се дадени на шематскиот приказ во прилог.
1.4 Продажбата на сувенири ќе се извршува на урбана опрема (унифицирани тезги) со димензии 2.00 м х 1.00 м
Урбаната опрема ќе се издаваат за времетраење од 01.06.2025 до 30.09.2025 година.
2.1 Почетните цени за издавање на урбана опрема се однесуваат за период од 30 дена.
2.2 Во почетната цена за издавање на урбана опрема, не се содржани трошоците за комунална такса, одржување на хигиена, приклучок и трошок за електрична енергија.
2.3 Трошоците за хигиена, приклучок и трошок за користење на електрична енергија паѓаат на товар на избраниот понудувач.
2.4 Избраните понудувачи се должни да ја сервисираат обврската кон општината по основ комунална такса (за користење на плоштади и др.простор во градовите и другите нaселени мeста со цел на изложување на предмети, приредување на изложби и други забави и други приредби и завршени дејности) која се пресметува за м2 дневно согласно постојната законска регулатива.
3.1 Право на учество на јавниот повик за изнајмување на урбана опрема има секое:
Право на учество на јавниот повик немаат:
3.2 Понудувачот треба да достави:
За правни субјекти
За физички лица
Уплатениот депозит на учесниците кои нема да бидат избрани за одредена урбана опрема ќе биде вратен најдоцна во рок од 90 дена, сметано од денот на завршување на постапката по огласот, додека за учесниците кои ќе бидат избрани и ќе добијат урбана опрема на јавното наддавање износот на уплатениот депозит ќe биде одбиен од вкупната цена на склучениот договор.
Уплатениот депозит не е повратен за оние учесници кои се избрани за најповолни понудувачи, а кои после јавното наддавање самоволно се откажале од потпишување на договор за изнајмување урбана опрема-типизирана куќарка. Во ваков случај депозитот трајно го задржува ЈП Градски Пазар Охрид и учесниците немаат право да бараат поврат на истиот.
Пријавата да биде доставена во затворен коверт, на кој во левиот горен агол ќе стои „не отворај” и бројот на огласот 03/2025.
Пријавата се доставува лично во архивата на ЈП Градски Пазар или со препорачана пошта на следнава адреса: Бул.Туристичка бр.79; 6000 Охрид.
Пример за адресирање на плик за достава:
| Оглас бр. 03/2025 | ЈП Градски Пазар
Оглас бр. 03/2025 Комисија за спроведување на оглас за прибирање пријави за користење на простор за поставување на урбана опрема за продажба – типизирани тезги за сувенири Бул.Туристичка бр.79 6000 Охрид |
Некомплетната пријава нема да биде предмет на разгледување од Комисијата.
На јавното електронско наддавање – лицитацијата може да учествуваат само понудувачите кои ги исполнуваат условите утврдени во јавниот оглас.
или
Договор ќе се склучи со понудувачот кој понудил највисока цена на јавното наддавање.
Договорот ќе се склучи во рок од три работни дена од денот на приемот на Известувањето за избор на најповолен понудувач.
По склучувањето на Договорот, веднаш а најдоцна во рок од 3 дена, понудувачот е должен во целост да ги подмири сите трошоци кои произлегуваат од постапката, вклучувајќи ја и комуналната такса.
По склучување на договорот и подмирувањето на обврските кои се услов за склучување на истиот, (уплатата на комуналната такса и подмирување на обврската која произлегува од задолжението, како и склучување на договор за јавна чистота со JП “Охридски Комуналец) избраниот понудувач е должен да се придржува до одредбите на склучениот договор.
Доколку понудувачот кој понудил највисока цена на јавното наддавање, не склучи договор во цитираниот рок, договорниот орган може да склучи договор со следниот рангиран понудувач.
Доколку понудувачот кој доставил најповолна понуда на јавното наддавање, од било која причина се откаже од потпишување договор, во тој случај Јавното претпријатие неповратно го задржува уплатениот депозит на ваквиот учесник.
Доколку има потреба или во случај на евентуална попреченост од било кои причини , Општина Охрид и Јавното претпријатие Градски пазар Охрид го задржуваат правото да извршат промена на една или повеќе локации, а закупците како корисници на услугите во ваков случај се обврзуваат да ги прифатат новонастанатите промени на локациите.
Доколку корисникот на услугата не ја прифати таквата промената состојба и промена на локацијата, тоа претставува основ за двострано раскинување на договорот, во рок од 8 дена без можност за надомест на штета ниту било какви други меѓусебни парични или непарични побарувања кои би произлегле од предвременото раскинување на договорот, освен исплатата на целокупниот долг по основ на закупнина по договор.
Во случај на раскинување на договорот поради горенаведените причини, закупецот е должен на Закуподавецот да му го исплати целокупниот долг по основ на закупнина по договорот и освен исплатата на долгот на име закупнина, договорните страни немаат право меѓусебно да истакнуваат никакви други надоместоци и останати парични побарувања.
Графичките прикази со нумерички ознаки на урбаната опрема, заинтересираните субјекти можат да ги превземат од web страната на ЈП Градски Пазар Охрид, https://jpgradskipazarohrid.mk/ или секој работен ден од 07.00-15.00 часот во просториите на ЈП Градски Пазар Охрид.
ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР ОХРИД
Директор
Александар Попоски
Графички приказ
Образец на пријава
ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ВРЕМЕНО КОРИСТЕЊЕ НА ПОВРШИНИ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА ЗА ПРОДАЖБА НА СУВЕНИРИ
ВРЗ ОСНОВА НА ОБЈАВЕНИОТ ОГЛАС БР. 3/2025 ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА ЗА ПРОДАЖБА–ТИПИЗИРАНИ ТЕЗГИ ЗА СУВЕНИРИ
ДОСТАВУВАМ
Име на понудувачот:
(назив на правно лице според тековна состојба или име,татково име и презиме за физичко лице)
Контакт информации
Седиште/адреса:
Телефон:
моб.телефон:
факс:
Е-пошта(задолжително):
Лице за контакт:
Одговорно лице (управител) :
Даночен број : ЕМБС
ЕМБГ: (за физичко лице)
_______________________ _________________________________
Tagged as:
ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР ОХРИД:ОГЛАС ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПРИЈАВИ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
