Мицкоски: Јас сум секогаш прв за соработка и сум прагаматичен политичар и немам дилема дека треба да градиме добри односи со сите соседи, вклучително и со Бугарија, но не прифаќаме ултиматуми

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Јас сум секогаш прв за соработка и сум прагаматичен политичар и немам дилема дека треба да градиме добри односи со сите соседи, вклучително и со Бугарија, но не прифаќаме ултиматуми, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во Желино, одговарајќи на новинарско прашање во пресрет на посетата на Каја Калас и градењето доверба со Бугарија.

– Исклучително ја почитувам и имам исклучително добри односи со Каја Калас, висок претставник на ЕК за надворешна и безбедносна политика. Ќе ве потсетам, ние како држава први во регионот, министерот Тимчо Муцунски прв потпиша договор со ЕУ за заедничка надворешна и безбедносна политика. Тоа е еден од низата стратешки договори што ги потпишува оваа Влада во овој оериод. Во врска со градењето доверба, јас немам дилема дека треба да градиме добри односи со сите соседи, вклучително и со Бугарија. Ние немаме никакви проблеми да го прошируваме нашиот Устав со Хрватите кои живеат овде, бидејќи Македонците се дел од хрватскиот устав. Немаме проблем да зборуваме за Црногорците, за Словенците… – рече премиерот.

Но, имаме проблем со ултиматуми, а јас не сум човек што прифаќа ултиматуми, додаде тој.

– Никогаш нема да си дозволам да преговарам за нешто што претставува огромен проблем и фрустрација за македонските граѓани, за албанките граѓани, за турските, за сите кои се дел од Уставот. За жал, еден министер во минатото преговараше за мојот идентитет и направи грешка. И ако мисли дека тоа ќе го заборавиме, се лаже. Ние ќе бараме начин, ќе градиме доверба и ќе го решиме ова. Дали оваа генерација или некоја следна, тоа ќе го реши. Ќе остане во колективната меморија каква штета нанесе тој човек на македонскиот идентитет и на македонскиот народ. Со непочитување – рече премиерот Мицкоски, алидирајќи на ексминистерот Бујар Османи.

Ако тој не го почитува својот сосед, тој не го почитува ниту своето семејсто ниту својот народ, рече Мицкоски.

– Тој проблем, што тој човек го направи, денеска нас нè доведе во ваква ситуација, од шампиони во регионот, би рекол и во Европа, да не можеме да ги почнеме сè уште преговорите за членство со ЕУ. Убеден сум дека ќе се најдат решенија, ЕУ ќе најде механизми. И Македонија ќе го добие своето место на таа маса, бидејќи одамна заслуживме. Почнавме пред две и пол децении, кога многу други земји само сонуваа за тоа. И многу пати покажавме дека како држава и како граѓани сме проевропски и така ќе продолжиме да се однесуваме – рече Мицкоски.

Во врска со тоа до каде е реформската агенда, премиерот рече дека се работи и дека за некои  работи треба повеќе време, а други пократко.

– Реализираме, а бројките говорат. Јас сум задоволен од досега сработеното. Се разбира, секогаш моѓе повеќе, но, имајќи предвид во каква состојба беше државата пред една година, можам да кажам дека со многу труд, со вонсериско залагање на членовите на Владата, ние доаѓаме до ситуација да го испорачуваме она што е потребно и така ќе продолиме. Ќе им испорачуваме на сите граѓани, без разлика на кој етниким, партија или конфесија припаѓаат. Нашата заедничка цел е оваа наша заедничка татковина да се развива и да оди напред – порача премиерот Христијан Мицкоски.

Share This Article