Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе даде поддршка за предлогот Трајко Славески да биде иден гувернер, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Во изјава за медиумите дадена при денешната посета на Желино, Мицкоски рече дека согласно Уставот обврска на претседателот на државата е да го даде предлогот за гувернер.
– Тоа е одлука на претседателот на државата, не е одлука на Владата. Согласно Устав, претседателката на државата го поднесува тој предлог така што немам што да коментирам. Предлогот ќе ја добие поддршката од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ – рече Мицкоски.
Славески треба да биде избран на пленарна седница со просто мнозинство од 61 глас.
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вчера го предложи проф. д-р Трајко Славески за нов гувернер на Народната банка, откако претходно разговараше со кандидатите за гувернер на Народната банка.
Од Кабинетот на претседателката информираа дека при донесувањето на одлуката, претседателката се водела од стручноста и компетентноста, дигнитетот и интегритетот, како и реалната можност за именување на кандидатот.
„Би сакале да потенцираме дека изборот беше тежок, со оглед на докажаниот квалитет на сите кандидати“, посочија од Кабинетот на претседателката.
Славески е универзитетски професор на Економскиот факултет во Скопје и поранешен министер за финансии. Во моментот тој ја извршува функцијата претседател на Советот на Град Скопје. Славески доаѓа на местото на досегашната гувернерка Анита Ангеловска-Бежоска која беше прва жена на оваа функција.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
