Руските сили во текот на ноќта соборија 35 украински дронови кои летаа кон Москва, соопшти руското Министерство за одбрана.
„Од синоќа во 21:00 часот до 0:00 часот, системите за противвоздушна одбрана уништија и пресретнаа вкупно 105 украински дронови, од кои 35 летаа кон главниот град на Русија“, се наведува во соопштението.
Поради нападите, московските аеродроми беа привремено затворени.
Градоначалникот на рускиот главен град, Сергеј Собјанин, изјави дека итните служби биле упатени на местата каде што паднале делови од соборените беспилотни летала.