Синоќа околу полноќ, во месноста „Парк” кај резиденцијалниот комплекс „Биљана”, се случи тешка сообраќајна незгода која резултираше со сериозни повреди на двајца лица. Возилото управувано од лицето К.Г. излета од коловозот и удри во дрво.
Инцидентот се случи околу полноќ, кога сообраќајот во оваа населена област е значително намален. Возачот К.Г., кој според првичните информации е вработен во полицијата,ја загубил контролата над возилото и удри во дрво покрај патот. Силината на ударот била толку голема што предизвикала сериозни повреди кај двајцата патници во возилот.
Причините за излегувањето од коловозот сè уште се предмет на истрага, но првичните увиди укажуваат на можна комбинација од фактори вклучувајќи ја брзината на возењето и условите на патот во ноќните часови….
Возачот К.Г., кој е полициски службеник, се здоби со тешки телесни животно загрозувачки повреди . Соpaтничката во возилото, исто така, се здоби со тешки телесни повреди.
И двајцата повредени веднаш беа пренесени во надлежната медицинска установа каде што им се укажува соодветна медицинска помош.
Tagged as:
Тешка сообраќајна незгода во месноста „Парк" - полицаец тешко повреден
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
