Во наводно пријателскиот телефонски разговор, претседателот на САД, Доналд Трамп, и рускиот претседател Владимир Путин разговарале не само за решавање на конфликтот во Украина, туку и за сопругата на Трамп, Меланија, објави Њузвик.
Трамп рече дека Путин ја пофалил првата дама со зборовите: „Вашата сопруга е многу почитувана, Америка има среќа што има таква прва дама“.
Трамп, пак, ја прифатил пофалбата со насмевка и со хумористичен тон прашал: „А што мислат тие за мене?“
Путин, не останувајќи должен, се пошегувал и одговорил: „Не, нејзе повеќе ја сакаат од вас“.