Во пет случаи при контроли на увоз на месо е остварена дополнителна наплата од 178.900 евра, соопшти денеска директорот на Царинската управа Бобан Николовски.
За сторителите, како што истакна Николовски, ќе биде поднесена кривична пријава до Основно јавно обвинителство, а за еден сторител ќе биде поднесена прекршочна пријава.
– Станува збор за случаи во кои увозници го тарифирале месото со пониски царински стапки за да избегнат плаќање давачки – информира Николовски.
Тој претходно кажа и дека Царината делува на повеќе фронтови за целосно сузбивање на долгогодишните криминали и измами со увозите на храна, како и во однос на половните возила и другите видови злоупотреби. За неполни пет месеци годинава, напомена, се поднесени 85 кривични пријави што е еднакво на вкупниот број кривични пријави поднесени во тригодишниот период од 2020 до 2022 година.
– Овие резултати се доказ дека со координиран и професионален пристап ефикасно застануваме на патот на сите обиди за криминал – рече Николовски.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
