Гравот и воопшто, сите зрна односно, мешункасти растенија, се суперхрана. Во просек, се состојат од 21% протеини, 77% сложени јаглехидрати (оние кои обезбедуваат бавна и постојана енергија, наместо скокот што го добивате од рафинираните јаглехидрати како белото брашно) и само неколку проценти масти. Исто така е одличен извор на растителни влакна.
Тоа е евтина и сестрана намирница, доаѓа во различни текстури и има повеќе хранливи материи по грам од која било друга храна на Земјата.
Клучна улога во долговечноста
Исхраната во т.н. „Сини зони“ често се поврзува со консумирање храна богата со хранливи материи од растително потекло, а гравот има истакнато место во оваа исхрана.
Сините зони се региони низ целиот свет каде што луѓето живеат подолг и поздрав живот, а нивната исхрана се карактеризира со изобилство на интегрална храна, ограничен број преработени производи и силен акцент на состојки од растително потекло.
Прочитајте повеќе на порталот „Арт кујна“.