Background

Од македонска страна има желба и се преземаат конкретни активности за изградба на пругата од Коридорот 8 кон Бугарија, но нема соодветен одговор од другата страна

Од македонска страна има желба и се преземаат конкретни активности за изградба на пругата од Коридорот 8 кон Бугарија, но нема соодветен одговор од другата страна, рече денеска директорот на МЖ Инфраструктура Синиша Ивановски на прес конференција.

Во делот кон Албанија рече дека има расположение од двете земји, но се чека насоката од УНЕСКО за делот кај Охридското Езеро.

– За Коридорот 10 даваме предност зашто може да има најголем економски бенефит за државата, бидејќи целата стока од грчките пристаништа кон Европа се превезува токму преку тој коридор. На Коридорот 8 веќе е завршена првата секција до Бељаковце, се работи на трасата од Бељаковце до Крива Паланка и има прогрес од околу 30 отсто, а третиот дел од Крива Паланка до граница со Бугарија сѐ уште е предмет на дискусии – рече Ивановски.

- Advertisement -
Ad image

Тој нагласи дека во многуте средби што ги имал со Инфраструктура железница на Бугарија се усвоени ставови дека тунелот мора да биде пробиен само од една страна и на техничко ниво има решение кое им одговара на двете страни.

– Кога доаѓа политичкиот момент желбата изгледа постои само на една страна. Ние работиме на терен и веќе инвестираме сериозни средства за да се пробие пругата до Бугарија, додека во Бугарија за жал во овој момент нема градежни активности. Освен што треба да го пробијат тунелот од 1,5 километри треба да направат само 500 метри пруга до станицата Ѓуешево, а покрај тоа во лоша состојба е и пругата од Софија до Ѓуешево. Сѐ додека ние работиме, а Бугарија не гради ништо и ги избегнува десетиците покани кои јас лично ги пратив за средба, сметам дека имаме неуспешна приказна за двете страни – рече Ивановски.

За делот од пругата кон Албанија тој посочи дека поголем проблем е насоката што се чека од УНЕСКО за Охридското Езеро за што заедно со Албанија се користи грант од милион евра за наоѓање техничко решение.

– Има заедничко партнерство меѓу двете држави и ќе го активираме пролетва. Ако сѐ биде како што треба, за пет до шест години од сега треба да имаме завршен основен проект и ќе може да се гради пругата од Кичево кон Струга, а потоа и од Струга кон Лин – рече Ивановски и додаде дека на Албанија во моментов приоритет и изградба на пруга кон Црна Гора.

МЖ Инфраструктура има негативен годишен финансиски извештај, но не должи на коминтенти. Загубата најмногу се должи поради големата ставка за амортизација.

– Немаме повеќе од 10 до 15 милиони денари долг како МЖ Инфраструктура спрема коминтенти и добавувачи и секој со кој  соработуваме – прецизира Ивановски.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation