Брод за обука на мексиканската воена морнарица вчера се удри во Бруклинскиот мост во Њујорк, при што загинаа најмалку две лица

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Брод за обука на мексиканската воена морнарица вчера се удри во Бруклинскиот мост во Њујорк, при што загинаа најмалку две лица, изјави градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, пренесе ДПА.

Адамс рече дека на бродот во времето на несреќата имало 277 лица, а 19 биле повредени. Од нив, двајца остануваат во „критична состојба“, а двајца „за жал починаа од повредите“, напиша Адамс на Икс.

Морнарицата соопшти дека бројот на повредени лица е 22, од кои 19 се на лекување во болница, се наведува во нивната објава на Икс, пренесена од германската агенција.

Морнарицата додава дека никој од бродот не паднал во вода заради ударот во мостот. „Куаутемок“ е оштетен во несреќата, додаде морнарицата.

 

Бродот бил во Њујорк на промотивна посета и бил на пат кон Исланд кога се случил судирот, соопшти полицијата на прес-конференција.

Шефот на полицијата Вилсон Арамболес изјави дека првичните информации за причината за судирот укажуваат на механички проблем.

Градоначалникот Адамс рече дека бродот „ја изгубил моќноста“, што довело до судир со мостот, пренсеува ДПА.

Полициската комесарка Џесика Тиш изјави дека е започната целосна истрага. Њујоршката полиција ги повика луѓето да ја избегнуваат областа околу мостот.

- Advertisement -
Ad image

Непроверени видео снимки на социјалните мрежи покажаа како бродот се судира со мостот додека минува под него, предизвикувајќи кршење на јарболите на бродот.

Бродот со три јарболи првпат заплови во 1982 година и е долг околу 90 метри со висина на јарболот од околу 48 метри.

Share This Article