Највисокиот врв во светот одзеде над 300 животи: Двајца планинари загинаа оваа недела на Монт Еверест

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Познатиот Монт Еверест оваа недела им ги одзеде животите на двајца алпинисти, соопштија членовите на експедицијата.

Филипински алпинист почина во среда, а еден индиски еден ден подоцна, додека се искачуваше на највисокиот врв во светот – Монт Еверест.

Според очевидци, Филипинецот загинал во близина на највисокиот камп на планината, додека Индиецот го загубил животот спуштајќи се од врвот, кој е висок 8.849 метри.

Од 1953 година, кога легендарниот Едмунд Хилари од Нов Зеланд и шерпата Тензинг Норгеј од Непал првпат го освоија Еверест, повеќе од 340 луѓе ги загубија животите обидувајќи се да го направат истиот подвиг.

Директорот на непалската агенција „Сноуи Хорајзон Трек енд Експедишн“, која беше задолжена за логистиката на експедицијата чии членови загинаа, рече дека сè уште не е донесена одлука дали и кога телата на жртвите ќе бидат симнати од планината.

Извлекувањето на телата од ледените падини на Еверест е исклучително тешка и скапа задача, која вклучува голем број луѓе и значителна логистичка поддршка.

Пролетната сезона на качување, која традиционално трае од март до крајот на мај, моментално е во полн ек.

Share This Article