Несекојдневни мајски временски прилики го изненадија Балканот. Од утрово, на повеќе планински подрачја во Србија и Црна Гора вее снег, а температурите паднаа до нула степени.
На Копаоник, еден од највисоките и најпопуларни скијачки центри во Србија, утрово е регистрирана температура од 0°C, а слаб снег паѓа уште од раните утрински часови. Слична слика е и на Златибор, каде се измерени 2 степени, додека на Црн Врв се измерени 3 степени. Во Сјеница врне лапавица, а бела глетка ги дочека жителите на планинскиот премин Јабука, на надморска височина од 1.250 метри.
– Бевме изненадени од овој снег, а уште поизненадувачки е што сè побеле како во јануари. Паѓаат големи снегулки, како среде зима – изјавил жител на Јабука за локалните медиуми.
Поради врнежите и ниските температури, Републичкиот хидрометеоролошки завод предупреди на можна појава на мраз, особено на повисоките места. Возачите кои се движат низ овие предели се повикуваат на зголемена внимателност.
Иако календарски сме среде пролет, во голем дел од Србија утрово температурите се под 10°C. Исклучок се Зајечар, Неготин и Димитровград, каде термометрите покажуваат 11°C.
Метеоролошкиот шок не ја заобиколи ниту Црна Гора. Снег падна во Жабљак и Мојковац, а во останатите делови од земјата врне дожд, проследен со заладување.
Според метеоролозите, вакви временски екстреми не се невозможни во мај, но се секако реткост. Причината за снежните врнежи се студените воздушни маси кои продреле од северозапад и предизвикале нагло опаѓање на температурите во целиот регион.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
