Касандра Кеси Вентура, поранешната девојка на музичкиот могул Шон Диди Комбс, сведочеше вчера на судењето на раперот, кое започна во понеделникот.
На суд, Вентура откри некои од деталите за наводната злоупотреба што ја претрпела од страна на музичкиот магнат Диди.
Инаку, Кеси Вентура се појави бремена на сведочењето во судот. Касандра Вентура попозната како Кеси и фитнес тренерот Алекс Фајн се во брак од 2019 година и имаат две ќерки.
Кеси исто така нагласила дека раперот ја тепал за какви било кавги, дури и за оние „незначајните“.
„Понекогаш имав чувство дека воопшто не беше до мене. Едноставно имав погрешен израз на лицето и следното нешто што го знаев – тој ме удираше“, рекла таа.
Во текот на нејзиното сведочење, таа изјавила дека, покрај физичкото насилство, доживеала и психичко злоставување, бидејќи никогаш не знаела „кој ќе биде Диди кога ќе се разбуди“.
Врската на Кеси и Пи Диди започна во 2007 година, две години откако тој го продуцираше нејзиниот албум (таа беше тинејџерка кога започна да се занимава со музика). Се појавија гласини дека се свршиле во 2014 година. Подоцна таа зборувала дека ја изневерувал, по што раскинаа па се смирија во 2016 година. Кога во 2018 година се случи конечното раскинување, Кеси раскажала дека пред тоа биле раздвоени со месеци.
Во ноември 2023 година, пејачката поднесе тужба против раперот и изнесе низа грозоморни детали. Тужбата подоцна беше повлечена, а деталите од договорот не беа објавени во јавноста.
Да потсетиме, Шон Комбс, попознат како Диди, е обвинет за трговија со луѓе со цел сексуална експлоатација, рекетирање, здружување поради извршување кривични дела и транспорт за поттикнување на проституција. Судењето се одржува во судот на општината Менхетен, во државата Њујорк, САД. Случајот го води судијата Арун Субраманијан.
Неговата мајка Џенис Комбс, близначките Д’Лила Стар и Џеси Џејмс Комбс и ќерката Ченс Комбс исто така беа присутни на рочиштетот во понеделник. Додека влегувал во судницата, Диди им мавна и им упати бакнеж, пренесува „Скај њуз“.