Карло Анчелоти официјално е нов селектор на Бразил, а популарниот Дон имал неколку барања за време на преговорите.
Некои беа навистина бизарни, и тој одлучи да укине едно правило во просториите на федерацијата.
„Пушењето сега е дозволено во сите простории на Бразилската фудбалска конфедерација. Овој детаљ е дел од договорот на Карло Анчелоти“, објавува „Глобо“.
Според весникот „АС“, Анчелоти ќе заработува 770.000 евра месечно, односно 9,2 милиони евра годишно. Ова ќе го направи најплатен тренер во светот. Досега тоа беше Томас Тухел, кој заработува шест милиони евра годишно како селектор на Англија.
Платата на Анчелоти е двојно поголема од неговите двајца претходници на клупата на Бразил, Тите и Доривал Жуниор.
Официјалната промоција на Анчелоти е закажана за 26 мај во Рио Де Женеиро, а следниот месец Италијанецот ќе го предводи Бразил на натпреварите од мундијалските квалификации против Еквадор и Парагвај.