Една од најголемите ѕвезди на денешницата Том Круз конечно проговори за својата поранешна сопруга Никол Кидман.
Во 1990 година 28-годишниот Том Круз се ожени со 23-годишната Никол Кидман. Во текот на следните 11 години тие снимија три филма и посвоија две деца пред да се разведат во 2001 година.
Тие глумеа заедно како свршеници во филмот „Days of Thunder“, кој беше објавен во јуни 1990 година, а се венчаа во декември. Подоцна ги направија „Far and Away“ (1992) и „Eyes Wide Shut“ (1999), последниот филм на режисерот Стенли Кјубрик.
Сеќавајќи се на филмот „Eyes Wide Shut“ и како ги добија главните улоги, Круз за списанието „Сајт енд саунд“ изјави дека долетал до куќата на Кjубрик, го прочитал сценариото претходниот ден и го поминал целиот ден разговарајќи за филмот со режисерот. Тој додаде дека ги знае сите свои филмови.
Круз во интервјуто нагласи дека лично инсистирал неговата тогашна сопруга Никол Кидман да добие улога во филмот: „Тогаш тој и јас во основа се запознававме. И за време на тој процес, ја предложив Никол за улогата на Алис, бидејќи таа очигледно е одлична актерка.“
Тој ја пофали Никол Кидман, што е реткост бидејќи речиси никогаш зборува за својот приватен живот. Тој рече дека во тоа време тој и Кjубрик се запознавале подобро, а за улогата ја предложил Никол бидејќи, како што вели, таа е одлична актерка.
Круз рече дека бил многу заинтересиран за филмот и сакал да го доживее. Тој објасни дека пред снимањето прави многу подготовки, истражува и поминува време со луѓе за да може сите подобро да се разберат и заедно да создадат нешто посебно.