Background

Војвотката од Сасекс, Меган Маркл, завчера објави фотографија на Инстаграм со нејзините деца, принцот Арчи и принцезата Лилибет, по повод Денот на мајките

Војвотката од Сасекс, Меган Маркл (43), завчера објави фотографија на Инстаграм со нејзините деца, принцот Арчи (6) и принцезата Лилибет (3), по повод Денот на мајките. Но и покрај срдечната порака и семејната атмосфера, некои корисници на социјалните мрежи повторно се фокусираа на теории и критики, коментирајќи го изгледот на децата – особено бојата на нивната коса и должината на нозете на Лилибет.

Инаку покрај фотографијата Меган напиша: „Среќен Ден на мајките! На здравје за сите нас кои успеваме да избалансираме сè со радост!“.

Таа додаде и порака упатена до нејзините деца: „И на овие два бисера – кои сè уште се обидуваат да ја освојат „мајчината планина“, да ме опсипат со бакнежи и секој ден да го направат најпосебна авантура … да се биде ваша мајка е најголемата привилегија во мојот живот.“ На крајот од објавата, таа напиша: „И јас ве сакам „повеќе од сите ѕвезди на небото, сите капки дожд и сите зрна сол на сите помфрити во светот“.

- Advertisement -
Ad image

Меѓутоа кратко по објавата, корисниците на социјалните мрежи почнаа да коментираат за промените во изгледот на децата. Тие најмногу дискутираа за бојата на нивната коса. Еден корисник напиша: „Каде е сега црвената коса на Арчи и Лили, Меган Маркл?“ Други додадоа: „Бојата на нејзината коса се смени“ и „Косата им е потемна сега“. Еден корисник забележа: „А што е со косата на Арчи? Груба, густа, виткана и црвена… а сега црна и целосно права“.

 

Освен за нејзината коса, тие коментираа и за нозете на Лилибет, тврдејќи дека е невообичаено повисока во споредба со претходните фотографии.

Еден корисник напиша: „Како Лили порасна за само седум недели?“ Друг додаде: „Треба да почнат да изнајмуваат деца на соодветна возраст“ алудирајќи на гласините дека Меган и принцот Хари користат други деца за фотографиите.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation