Background

По состанокот на Алијансата на Албанците претседателот Арбен Таравари вечерва на прес-конференција во Тетово изјави дека ја напуштаат владината коалицијата и дека одат во опозиција

По состанокот на Алијансата на Албанците претседателот Арбен Таравари вечерва на прес-конференција во Тетово изјави дека ја напуштаат владината коалицијата и дека одат во опозиција.

– Денеска Алијанса на Албанците едногласно одлучи да оди во опозиција. Беше состанок на претседателите на ограноците, на многу функционери на АА на кој констатиравме дека минатата година со гордост ја донесовме промената во албанскит блок после 20 години и за тоа сме многу горди. Меѓутоа, промените што ги ветивме, за жал, не ги испорачавме. Затоа ние одлучивме да се вратиме кај граѓаните. Да побараме од нив доверба во октомври за локалните избори – рече Таравари.

Според него, има огромно незадоволство, посебно кај Албанците, како владее Вреди во оваа Влада, а како пример за тоа ги посочи законот за балансерот и третманот на Албанците во институциите. Рече и дека за нив е многу битен и европскиот пат на Македонија.

- Advertisement -
Ad image

Таравари рече дека министрите и замениците на АА сега се во оставка и дека ќе заминат од Владата.

Со ДУИ засега, додаде, нема никаков договор, но имало некаква комуникација.

Таравари најави дека и покрај тоа што заминува во опозиција ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски, но и со лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче.

На состанокот не присуствуваше вицепремиерот Арбен Фетаи, кој според Таравари бил на пат.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation