Игор Стефановски Иџе изминатиов викенд повторно се качи на пиедестал откако го освои третото место на последната трка во ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (еHC), на патеката Рампа Да Фалпера во Португалија.
Трката се возеше во исклучително тешки услови поради дождливото време, што придонесе за бројни незгоди и прекини. Условите придонесоа оваа трка да биде предизвик и за најдобрите автомобилисти од Европа.
– Не можам да бидам незадоволен со освоеното трето место на оваа патека и тоа во условите во кои се возеше, особено затоа што бевме во борба со автомобили на погон со сите 4 тркала. Иако постигнав најдобро второ време во второто возење, збирниот резултат од двете трки, ми го донесе третото место. Морав да се задоволам со третата позиција на подиумот. Горд сум што сум најдобро пласираниот автомобилист во ГТ класата за португалскиот шампионат, во кој возат докажаните португалски автомобилисти. Благодарност до мојот тим, како и тимот и инженерите на Ферари за нивната пожртвуваност во оваа трка, што придонесе мојот автомобил да биде подготвен за овие екстремно тешки услови. Од Португалија, продолжуваме во Шпанија, каде за пет дена нѐ очекува следната трка – изјави Стефановски.
Стефановски и годинава се трка со автомобилскиот ѕвер од Ферари 488 B8, специјално дизајниран за овие патеки.
Видеолотарија Касинос Австрија упати искрени честити до Иџе за постигнатиот успех во оваа трка. До крајот на овој шампионат компанијата ќе продолжи да навива за Иџе и за Македонија.