Глобалните инвеститори го поздравија договорот за царините на САД и Кина, оценувајќи го како олеснување на трговската војна што ја започна американскиот претседател Доналд Трамп со огромни тарифи.
Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones падна за 0,29% на 41.249,38 поени, индексот S&P 500 за 0,58% на 5.659,91 поени, додека вредноста на индексот Nasdaq остана стабилна на 17.928,92 поени.
Азиските пазари, исто така, забележаа добивки, при што индексот Hang Seng во Хонг Конг порасна за повеќе од 3%.
Кинескиот јуан зајакна на највисоко ниво за 6 месеци по објавувањето дека трговската војна е привремено прекината.
И индексите на европските берзи се зголемија.
Индексот DAX на Франкфуртската берза порасна за 1,72% на 23.886,55 поени, лондонскиот FTSE 100 за 0,56% на 8.602,30 поени, францускиот CAC 40 за 1,37% на 7.843,22 поени, московскиот MOEX за 3,25% на 2.942,40 поени.
Според некои проценки, до 16 милиони работни места беа во опасност во Кина, додека САД претрпеа зголемена инфлација и недостиг поради високите тарифи за нивниот најголем снабдувач на стоки.
САД и Кина во Женева договорија намалување на царините за 115% со што американските царини за кинески стоки сега ќе изнесуваат 30%, а кинеските царини за американскиот увоз 10%.