31-годишниот К.В. од Тетово е приведен откако полицијата го затекнала како вози во алкохолизирана состојба. Според информациите, тој управувал возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки на улицата Маршал Тито во Тетово, кога бил запрен при сообраќајна контрола.
„При извршената контрола, кај возачот беше констатирано присуство на 2.16 промили алкохол во крвта. Тој веднаш беше исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица за понатамошна постапка“, информираа од тетовската полициска станица.
Како што дополнуваат од полицијата, по целосното документирање на случајот против К.В. ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“.