Background

Завршува 40-годишната вооружена борба со Турција

Курдската работничка партија (ПКК), која е прогласена за терористичка организација во Турција, ЕУ и во САД, објави дека се распушта, со што се става крај на вооружената борба против турските власти, објави Би-Би-Си.

Според официјалното соопштение на ПКК, на 12-от конгрес на организацијата, одржан од 5 до 7 мај, е донесена конечна одлука за распуштање.

„Вооружената борба заврши, оружјето е оставено“, се наведува во одлуката на конгресот.

- Advertisement -
Ad image

ПКК е вооружена група, формирана од Абдула Оџалан во 1978 година во Југоисточна Турција. Идеологијата на групата се базира на марксистичко-ленинистички идеи. Непосредно по воениот удар во Турција во 1980 година, Оџалан побегнал во соседна Сирија. Четири години подоцна, тој започнал вооружена борба против Анкара.

Подоцна, Дамаск ја прекинал поддршката за Оџалан поради закана од војна со Турција во 1998 година. Сириските власти ги затвориле камповите на ПКК и го протерале лидерот на движењето. Оџалан е уапсен во главниот град на Кенија, Најроби, на почетокот на 1999 година и е екстрадиран во Турција, каде што е осуден на смрт за велепредавство и тероризам. Подоцна казната му е заменета со доживотен затвор и тој е затворен на островот Имрали во Мраморното Море, каде што поголемиот дел од времето е во изолација.

Во октомври 2024 година, лидерот на Партијата на националистичката акција (ПНА) и главен политички сојузник на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, Девлет Бахчели, ја шокираше Анкара со навестување дека Оџалан би можел да биде ослободен, под услов да прогласи крај на вооружената борба на својата организација.

Владејачката Партија на правдата и развојот (ППР) на Ердоган ја поддржа иницијативата, по што Прокурдската партија ДЕМ (Партија за еднаквост и демократија на народите), која се залага за поголеми права и автономија на Курдите, одржа разговори со Оџалан во затворот на островот Имрали.

По средбите меѓу претставниците на ДЕМ и Оџалан, на 27 февруари курдскиот бунтовнички лидер упати историски повик за распуштање на ПКК и ставање крај на вооружената борба, во која од 1984 година досега загинале десетици илјади луѓе.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation