Background

Русија ја нападнала територијата на Украина со 108 дронови во текот на изминатата ноќ, при што 55 од нив биле уништени од противвоздушната одбрана

Русија ја нападнала територијата на Украина со 108 дронови во текот на изминатата ноќ, при што 55 од нив биле уништени од противвоздушната одбрана, соопшти Укринформ, повикувајќи се на изјава на украинските воздухопловни сили.

Претходно денеска, украинските државни железници информираа дека бил погоден товарен цивилен воз, при што машиновозачот е ранет. Погодениот товарен воз се наоѓал во источниот регион Доњецк.

Машиновозачот на погодениот воз бил ранет во ногата и е префрлен во болница. Неговата состојба е стабилна, соопштија од украинските државни железници.

- Advertisement -
Ad image

Во соопштението се истакнува дека и покрај опасностите од извршување на работните задачи во близина на фронтот, нивните вработени продолжуваат да работат, опремени со панцири, шлемови и со медицински комплети за прва помош.

Од железниците дополнуваат дека нападите на руските сили не довеле до нарушување на распоредот на возовите.

„Повиците за прекин на огнот и понатаму се игнорираат, а непријателските напади врз железничката инфраструктура и транспортот на стоки продолжуваат“, се наведува во соопштението на украинските државни железници.

Русија го започнала масовниот напад синоќа во 23:00 часот по локално време. Во нападот биле пуштени и 30 беспилотни апарати за мамка, кои се изгубиле на трасите.

Украинските воздухопловни сили прецизираат дека дронови биле соборени во источниот, северниот, јужниот и во централниот дел на Украина.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation