Поранешната сопруга на Џони Деп, актерката Амбер Херд (39) на Денот на мајките откри дека станала мајка на близнаци. Нејзината ќерка Уна Пејџ, која наполни четири години во април, стана постара сестра на девојче и момче.
– Никогаш нема да го заборавам Денот на мајките 2025 година. Оваа година сум неописливо возбудена што ја славам конечната изградба на семејството што се обидував да го изградам со години. Официјално објавувам дека добив близнаци – ќерката Агнес и синот Оушн. Кога ја добив мојата прва ќерка Унаг пред четири години, мојот свет се промени засекогаш. Мислев дека не можам да почувствувам поголема радост. Па, сега ја чувствувам тројно – напишала таа.
– Станувањето мајка сама и под сопствени услови, и покрај проблемите со плодноста, беше најскромното искуство во мојот живот. Вечно сум благодарна што можев да го одберам ова одговорно и промислено. До сите мајки, каде и да се наоѓате денес и како и да сте стасале до тука, моето семејство од соништата и јас славиме со вас – порачала таа.
Инаку, Амбер јавно проговори за фактот дека се бори со неплодност и дека не може да роди. Затоа ги оствари своите желби со сурогат мајчинство.
Во декември 2024 година, Херд откри дека очекува бебе, но во тоа време не спомна дека станува збор за близнаци.
Херд ја доби својата прва ќерка во 2021 година, исто така преку сурогат мајчинство, што и тогаш го сподели јавно, нагласувајќи дека сака да стане мајка на свој начин.
– Сега сфаќам колку е револуционерно кога жените сами одлучуваат за толку важни работи во својот живот“, рекла таа во тоа време. „Се надевам дека ќе стигнеме до точка каде што е сосема нормално да посакуваме дете, но не и брак.“
По правната сага со поранешниот сопруг Џони Деп, која заврши во 2022 година, Херд се пресели во Мадрид за да живее помирно со својата ќерка.
Во интервјуто за „Ен-би-си“ во јуни истата година, таа рекла: „Можам да бидам мајка со полно работно време. Без адвокати и без телефонски повици. Само семејство.“
Режисерот Конор Алин, со кого таа работеше на филмот „Во огнот“, минатата година изјави дека таа е „посветена мајка која секогаш наоѓа време за своето семејство“.