Кинескиот вицепремиер Хе Липенг денеска Женева разговараше со американскиот секретар за финансии Скот Бесант за ублажување на трговската војна што ја нарушува глобалната економија, објави кинеската новинска агенција Синхуа.
Средбата е организирана по неколкунеделите тензии поради зголемувањето на царините за кинески стоки од страна на американскиот претседател Доналд Трамп за 100%.
Трговскиот спор, заедно со одлуката на Трамп минатиот месец да воведе царини за десетици други земји, ги наруши синџирите на снабдување, ги потресе финансиските пазари и ги поттикна стравувањата од нагло економско забавување.
Трамп вчера во пресрет на средбата изјави дека царината од 80% за кинески стоки „се чини исправна“, сугерирајќи за прв пат конкретна алтернатива на царините од 145% што ги воведе за увезената кинеска стока.