Шпанската европратеничка од Европската слободна алијанса Ана Миранда Паз јавно повикa на парламентарните избори во Албанија кои се одржуваат утре да се гласа за Васил Стерјовски од Македонска алијанса за европска интеграција.
Во својата видео порака Миранда вели дека од срце го поддржува Васил Стерјовски, кој се кандидира за пратеник во округот Корча на листата на Социјалистичката партија.
– Васил не е само политичар, тој е посветен глас на сите етнички заедници, неуморен застапник за правда и вистински верник во европската иднина на Албанија. Како претседател на Македонската алијанса за европска интеграција и активен член на Европската слободна алијанса, тој претставува единство, напредок и надеж. Сега е време да застанеме зад лидерите кои ги зближуваат луѓето и се борат за подобро утре. Гласајте за Васил Стерјовски, глас за различноста, еднаквоста и европските вредности – вели европратеничката.