Background

Европските лидери во Киев побараа примирје од 30 дена

Германскиот канцелар Фридрих Мерц, францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Кир Стармер и полскиот премиер Доналд Туск денеска престојуваа во Киев за да ја потврдат поддршката за Украина и да се заложат за 30-дневен прекин на огнот во војната со Русија, пренесе ДПА.

Посетата имаше за цел да ја демонстрира европската солидарност пред тековната агресија на Москва.

Во заедничко соопштение пред разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски, лидерите ја повикаа Русија да прифати „целосен и безусловен 30-дневен прекин на огнот за да се создаде простор за преговори за праведен и траен мир“, повторувајќи го предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп.

- Advertisement -
Ad image

Лидерите ветија дека ќе продолжат да го засилуваат притисокот врз руската воена машинерија сè додека Москва не се согласи на траен прекин на огнот.

Посетата се совпаѓа со обновените дипломатски напори на поширока група од 30 земји предводена од Франција и Обединетото Кралство, позната како „коалиција на подготвените“, која се состанува за да подготви поддршка за Украина по евентуалниот прекин на огнот.

За време на престојот во Киев, европските лидери, заедно со Зеленски и неговата сопруга Олена Зеленска, учествуваа на комеморативна церемонија за жртвите на војната. Тие поставија лампиони и одржаа едноминутно молчење на импровизирано светилиште на плоштадот Мајдан во Киев. Меморијалот, подигнат од граѓани по руската инвазија во февруари 2022 година, прерасна во место со десетици илјади знамиња, фотографии и други спомени.  Роднини и пријатели на загинатите украински војници беа повикани да постават мало знаме за секоја жртва на тревата. Оттогаш, на меморијалот се појавија десетици илјади знамиња, фотографии и други предмети во спомен на жртвите на војната.

Според официјални податоци, над 43.000 украински војници загинале во борбите, иако некои проценки укажуваат на двојно повисоки бројки. Обединетите нации пријавија над 13.000 цивилни жртви како последица на инвазијата, посочува ДПА.

Од друга страна, Кремљ го отфрли предлогот за прекин на огнот, изјавувајќи дека ќе размисли за пауза во борбите само ако САД и Европа престанат да испорачуваат оружје за Украина.

– Во спротивно, тоа ќе биде предност за Украина“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за американската телевизија Еј-Би-Си, тврдејќи дека Киев ќе го искористи прекинот на огнот за реорганизација, обука и ротација на трупите.

Иако Русија прогласи краткорочни прекини на огнот за неодамнешните празници, вклучително Велигден и 80-годишнината од крајот на Втората светска војна, двете страни меѓусебно се обвинија за кршење на привременото примирје, кое требаше да истече денеска попладне.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation