Српските медиуми нашироко го коментираат учеството на српскиот претседател Александар Вучиќ на парадата во Москва. За дел од нив е проблематично што Вучиќ седеше во втор ред на свечената вечера во Кремљ која ја организираше рускиот претседател Владимир Путин за гостите лидери на 8 мај, ден пред големиот настан.
Српска Нова сподели принтскрин од снимка на која се гледа дека Вучиќ е во втор ред додека рускиот лидер Владимир Путин е напред во друштво на колегите од Кина и од Белорусија.
Од друга страна, српски Новости објави снимка од Вучиќ кој е веднаш зад Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг, а лево од словачкиот претседател Роберт Фицо на парадата на Денот на победата.
Српскиот лидер заедно со словачкиот претседател доживеаа проблеми при нивните летови до Москва откако балтичките земји забранија прелет над нивното небо. Вучиќ и Фицо вечерта пред парадата објавија снимка од Москва каде се ракуваа.
„Братска средба со словачкиот премиер Роберт Фицо вечерва во Москва. Срби и Словаци, браќа засекогаш!“, напиша Вучиќ на својот профил на социјалните мрежи.
Фицо беше единствениот лидер од ЕУ кој учествуваше на парадата.