Background

Полицијата „улови“ 132 возачи без возачка дозвола

На подрачјата на сите осум Сектори за внатрешни работи во текот на изминатите два дена (06/07.05.2025) полициските службеници во рамки на интензивните сообраќајни контроли издадоа вкупно 1.452 платни налози по преземени мерки особено по основ на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (ЗБСП), како и по основ на Законот за возила (ЗВ).

Според статистичките податоци и натаму најголемиот број изречени прекршоци од страна на возачите – 436 се однесуваат на непрописно паркирање, а 258 се однесуваат на непочитување на брзината на движење.

„По однос на останатите евидентирани прекршоци, за непоседување на возачка дозвола изречени се 132 санкции, потоа дури 162 мерки за некористење на сигурносен појас, како и 44 прекршоци за возачите на мотоцикл за неносење на заштитна кацига. Потоа следат 85 прекршоци за користење на мобилен телефон при возење, како и 11 прекршоци што ги сториле пешаците. Во рамки на контролите, исто така во четири случаи евидентирано е минување на возило на црвено светло, 21 возач управувал возило со недозволено ниво на алкохол во крвта, а евидентирани се и 15 прекршоци за нерегистирани возила и за техничка неисправност согласно Законот за возила. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, се вели во соопштението на МВР.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation