Претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ, денес изјави дека постои можност српскиот претседател Александар Вучиќ да го исполни барањето на студентите и да распише предвремени парламентарни избори, но дека е потребно студентите директно да му се обратат.
Во гостување на телевизијата Пинк, таа рече дека постои можност Вучиќ да се „смири“ со академиците, но дека е погрешно што го нарекле некомпетентна институција.
„Тие покажаа целосен недостаток на политичка остроумност, се потсмеваа на единствениот човек кој е компетентен да го исполни нивното крајно барање, а тоа се избори“, рече Брнабиќ.
На прашањето што мисли за посетата на Вучиќ на Москва, таа рече дека ја поддржува одлуката на српскиот претседател да оди во Русија на парадата по повод Денот на победата.„Единствената човечки исправна одлука е да се биде во Москва на денот на 80-годишнината од победата над фашизмот, бидејќи ако не беа Црвената армија и Советите, немаше да има Европа каква што ја знаеме денес“, рече претседателот на парламентот.
Според неа, сите европски лидери треба да ја почитуваат жртвата што ја направи Русија за време на Втората светска војна.