Петмина вработени во основно училиште во Токио се полесно повредени откако двајца мажи упаднале во една од училниците, објавија утрово јапонските медиуми, без да прецизираат дали има жртви меѓу учениците.
Полицијата уапси двајца мажи кои скршиле прозорци и влегле во училница со ученици на возраст од седум до осум години, објави телевизијата Фуџи, повикувајќи се на полициски извори.
Инцидентот се случил во училиште во западниот дел на јапонската престолнина.
Телевизијата емитуваше и снимки од спасувачки екипи и полицајци во училиштето.
Насилните злосторства се ретки во Јапонија, која исто така има строги закони за оружје.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
