Најмалку 13 цивили се убиени, а 59 се ранети во пакистанските напади на индиската страна од спорниот регион Кашмир, објави денес индиската влада нов биланс на жртви од конфликтот.
Повеќето од цивилите се убиени во село на северозапад, по должината на „линијата на контрола“ што го дели спорниот регион Кашмир меѓу двете земји, соопшти Министерството за надворешни работи.
Според најновите податоци, на пакистанска страна загинале најмалку 31 лице.
Пакистан започна артилериски напади на индиска територија како одговор на нападите на индиските сили кои претходно ја таргетираа пакистанската територија како одмазда за смртоносниот напад од 22 април.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
