Веројатно сте застанале пред тезга на пазар и сте се запрашале дали доматот што сакате да го купите е третиран со пестициди. За да не зависи вашата одлука од довербата на продавачот, еве како можете да препознаете добар домат.
За да утврдите дали доматот содржи пестициди, најдобро е да го исечете и да погледнете внатре. Обично, доматите со токсини имаат жолтеникави ленти и жолт „дел“ во средината.
Исто така, обрнете внимание дали доматите се со иста големина и изгледаат идентично – оние што изгледаат „совршено“ најверојатно не се природно такви.
Избегнувајте спакувано овошје, бидејќи речиси секогаш се произведува со употреба на многу хемикалии и пестициди, објавува nova.rs.
Меѓутоа, ако доматот не изгледа „совршено“, ако има гребени, кафеави дамки или е малку чудно обликуван, најверојатно е необработен домат. Доматите се растение кое ќе го најдете во речиси секоја градина. Релативно лесно се одгледува и дава големи, црвени, сочни плодови.