Кевин де Брујн е пред заминување од Манчестер Сити, но би можел да остане во Премиер лигата…
Водечкиот италијански фудбалски инсајдер Џанлука Ди Марцио синоќа објави нова трансфер-бомба.
Тој тврди дека Кевин Де Брујн, покрај бројните понуди од Блискиот Исток и САД, има и две „жешки“ опции од Европа – едната од Наполи, а другата од… Ливерпул!
Кевин де Брујн е еден од најважните фудбалери во историјата на Манчестер Сити. Тој пристигна во клубот на 30 август 2015 година од Волфсбург за тогаш рекордни 55 милиони фунти, а дебитираше на 12 септември истата година против Кристал Палас.
До денес беше познато дека Де Брујн има неколку опции за продолжување на кариерата – МЛС лигата, со Чикаго Фаер како потенцијален нов клуб и специфичен интерес од Саудиска Арабија. Сепак, според Џанлука Ди Марци, белгискиот играч од средниот ред сака да остане во Европа, пред сè поради професионални амбиции и семејни причини.
Доколку Ливерпул навистина се приклучил во трката, а Ди Марцио не ги сфаќа лесно таквите информации, тоа би можело да значи вистински трансфер шок – не само за Манчестер Сити, туку и за целата Премиер лига.