Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе пристигне во официјална посета на Црна Гора на 15 мај, каде што ќе се сретне со претседателот Јаков Милатовиќ, со кого ќе потпише билатерален договор за безбедност, во пошироката рамка на соработка меѓу Украина и земјите-членки на НАТО, дознава подгоричкиот портал „Дан“.
Според црногорскиот портал, станува збор за документ што го следи моделот на безбедносни договори што Украина претходно ги склучи со неколку западни земји, вклучувајќи ги Обединетото Кралство, Германија, Франција и Италија.
Целта на овие договори е да се обезбеди долгорочна поддршка на Украина во областа на безбедноста и одбраната, преку воена помош, обука, разузнавачка соработка и зајакнување на отпорноста на земјата во услови на руска агресија.
„Со овој чин, Црна Гора ќе ја потврди својата силна поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина и ќе се придружи на групата членки на НАТО кои веќе презедоа обврски според заедничката декларација од јули 2023 година“, пишува порталот, пренесе Танјуг.
Се очекува деталите од договорот да бидат објавени по официјалното потпишување во Подгорица.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
