Background

Индија нападна со авиони, Пакистан возврати со артилерија, има цивилни жртви

Најмалку 26 лица се убиени, додека повеќе од 40 се повредени во нападот извршен од индиската армија синоќа врз позиции во Пакистан. Од друга страна, најмалку 7 лица се убиени, а повеќе од 30 повредени во пакистанските напади врз локации во Индија.

Индиската војска започна напади врз Пакистан точно две недели откако премиерот на земјата, Нарендра Моди, им даде зелено светло на генералите да одговорат на терористичкиот напад во кој загинаа 26 туристи во Кашмир на 22 април.

Индија тврди дека погодила девет цели во Пакистан, додека пакистанската војска тврди дека три ракети ја преминале границата и експлодирале во, засега, недоволно јасно идентификувани зони во Кашмир.

- Advertisement -
Ad image

 

Веднаш по индиските напади, Пакистанците ги бомбардираа позициите на индиската армија со артилерија.

Исламабад тврди дека 5 индиски воени авиони биле соборени, што Индија не го потврди. Сепак, четири локални владини извори во индиски Кашмир изјавија дека 3 борбени авиони се урнале во различни делови од регионот преку ноќ.

Од индиска страна тврдат дека ноќните напади имале за цел онеспособување на терористичката инфраструктура во Пакистан. Министерот за надворешни работи на Индија, Викрам Мисри, ги нарече овие напади пропорционални и неескалирачки.

 

– Нашите разузнавачки служби кои ги следат терористичките активности укажаа на можноста за нови напади врз Индија и е оценето дека е потребно да се спречат и потиснат – додаде тој.

Полковник Софија Куреши и водачот на ескадрилата Вијомика Сингх рекоа дека „девет терористички кампови биле цел на напади и уништени“.

– Тие кампови се наоѓаат во Пакистан и во Кашмир окупиран од Пакистан – рекоа тие.

Претходно, пакистански функционер ги оспори обвинувањата, тврдејќи дека сите погодени локации биле цивилни и не биле милитантни кампови. Тој изјави дека тврдењето на Индија за цел на „терористички кампови“ е лажно.

Пакистанскиот министер за информации, Атаула Тарар, изјави за Би-Би-Си дека Индија „ги преминала сите линии“ со лансирање воздушни напади на пакистанска територија.

– Ова е неправеден и целосно слеп чин на агресија – рече Тарар.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation