Background

Имаат три неодложни барања пред сеидбата

Оризопроизводителите од населените места во општина Чешиново-Облешево денеска излегоа на протест и со земјоделска механизација ја блокираа едната коловозна лента од магистралниот пат Кочани – Штип за да го изразат незадоволството од актуелните политики на почетокот на сеидбата.

На протестот земјоделците изнесоа три барања за кои очекуваат брзо исполнување од надлежните институции, а го повикаа премиерот Христијан Мицкоски на средба со нивни претставници кои ќе го запознаат со лошата состојба.

– Првото барање е корекција на предлог-планот за наводнување на територијата на општина Чешиново-Облешево, второто барање е корекција во исплатата на субвенцијата од 6 денари за килограм, при што тоа да биде за целата предадена арпа, а не за 800 килограми арпа по пријавена површина. Третото барање е што побргу да почне откупот за стоковите резерви. Ако не се промени планот за наводнување ние не можеме да посееме други култури освен ориз, свесни сме дека нема доволно вода во браната Калиманци, но со одредена количина може да се наполнат површините – изјави Стојче Ташовски, земјоделец од Облешево.

- Advertisement -
Ad image

Земјоделците се пожалија дека со планот за наводнување во атарот на нивните населени места површините што треба да се сеат со ориз се намалени од 50 до 70%.

Оризопроизводителите попладнево треба да се сретнат и со министерот за земјоделство Цветан Трипуновски, за да му ги пренесат барањата.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation