Лидерот на германските христијански демократи (CDU), Фридрих Мерц, не го доби потребното апсолутно мнозинство гласови за да биде избран на функцијата канцелар на денешниот прв круг гласање во Бундестагот. За Мерц гласаа 310 пратеници, но за да биде избран ќе му бидат потребни најмалку 316 гласови. Седницата беше привремено прекината.
На Фридрих Мерц му беше потребно апсолутно мнозинство за да биде избран, што е најмалку 316 гласови во Бундестагот со 630 членови. Идната владина коалиција, која покрај Христијанско-демократската партија (CDU), ја сочинуваат и сестринската Баварска Христијанско-социјална унија (CSU) и Социјалдемократската партија (SPD), има вкупно 328 места во парламентот.
Кога канцеларот не е избран во првиот обид, можни се понатамошни рунди на гласање. Пред гласањето, Мерц изрази очекување дека ќе биде избран во првиот круг.
Денешната седница на Парламентот е привремено прекината.
Мерц вети во понеделник, при потпишувањето на коалицискиот договор меѓу ЦДУ, ЦСУ и СПД, дека партиите од новата црно-црвена коалиција ќе се зафатат со работа енергично од првиот ден, нагласувајќи ја важноста на реформите и инвестициите за напредокот на Германија.