За 2 недели Владата ќе склучи договор за финансирање големи проекти со сериозна европска држава

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Треба да бидат книжени само реалните капитални инвестиции и така да се пресметуваат капиталните расходи на една влада, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

– Од аспект на капиталните расходи, претходната Влада ги докапитализира со префрлање на средства за ликвидност на ЕСМ и некои други јавни претпријатија. Ние кажавме уште во почетокот на нашиот мандат дека на таков начин нема да ги калкулираме јавните инвестиции, дека ако го правиме тоа сега во овој момент ќе имаме повеќе од првиот квартал од претходната влада, но наш е изборот тоа да не го правиме, бидејќи сметаме дека треба да бидат книжени само реални капитални инвестиции – прецизираше Стојаноски во  гостување на ТВ24.

Стојаноски истакна дека во рамки на јавниот повик за финансирање на инфраструктурни проекти од Владата, сите 80 општини аплицирале со проекти. До крајот на оваа година ќе се гради на 1.200 локации и за таа намена се предвидени 325 милиони евра.

– Од врска со општините, тоа се договори коишто се склучуваат со општините и со изведувачи коишто само трансферираат до Владата и се префрлаат на таков начин и ќе се исплаќат према времени ситуации на завршени работи на терен – рече Стојаноски.

Стојаноски додаде дека за околу две недели Владата ќе склучи договор со сериозна западно-европска земја од која што ќе се повлечат средства коишто ќе бидат директно насочени кон реализација на големи проекти.

Стојаноски е дециден дека претходната влада не работела во интерес за граѓаните, напротив се грижеле само за лични интереси.

– Половина милијарда или милијарда се за изградба на локални магистрални експресни патишта. Дел ќе бидат рехабилитирани, дел ќе бидат отпочнати целосно нови. Тука ќе биде новата болница, односно завршување на Клиничкиот центар, болницата во Штип, изградба на нова болница во Кичево, како и реконструкција на операциони сали на неколку оддели во болницата во Тетово и започнување на градба на Коридор 10, брзата трака. И сите овие проекти ќе бидат потпишани. Ова се проекти коишто се реализираат – рече Стојаноски.

Share This Article