Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека победата во Втората светска војна е постигната исклучиво благодарение на САД.
„Две светски војни ги добивме, но никогаш не ги презедовме заслугите за тоа – сите други го прават тоа! Низ целиот свет, сојузниците ја слават победата што ја имавме во Втората светска војна. Единствената земја што не слави се Соединетите Американски Држави, а победата е постигната само благодарение на нас“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.
Тој оцени дека, без САД, исходот од војната ќе беше поинаков и најави дека ќе прогласи национален празник.
– Без Соединетите Американски Држави, другите земји ќе ја добиеа војната, и колку поинаков би бил светот. Затоа, со ова прогласувам национален празник во чест на победите во Првата светска војна, каде што примирјето беше потпишано на 11 ноември 1918 година, и во Втората светска војна, каде што датумот на победата беше 8 мај 1945 година – рече американскиот лидер.
Трамп додаде дека земјата нема да биде затворена во текот на овие два дена, бидејќи веќе има премногу празници во Америка. Наместо тоа, Американците ќе продолжат да работат како и обично.
– Нема доволно денови во годината. Тогаш бевме работници, а сега сме работници! Следува документација. Да ја направиме Америка повторно голема – рече Трамп.
Претседателот на САД минатата недела го преименува 9 мај (8 мај во САД) во Ден на победата во Втората светска војна од претходното име што се користеше во таа земја – Ден на победата во Европа.
Дополнително, 11 ноември претходно беше познат како Ден на ветераните во САД, а Трамп одлучи дека датумот отсега ќе се слави како Ден на победата во Првата светска војна.