Тројца загинаа по експлозија што разнесе станбена зграда во Москва и предизвика пожар

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Тројца загинаа по експлозија што разнесе станбена зграда во Москва и предизвика пожар, објави Москов тајмс.

Министерството за вонредни ситуации на Русија соопшти дека екипите за итна интервенција пристигнале на местото на експлозијата во југозападната московска населба Јасенево во неделата навечер. Пожарникарите имале потреба од околу 1 час за да го изгаснат пожарот, при што дел од деветтиот кат од зградата се урнал.

Министерството соопшти дека најмалку 2 тела биле пронајдени на балкон, а 6 други лица се згрижени поради повреди. Околу 150 жители биле привремено евакуирани и сместени во блиско училиште.

Анонимен полициски извор изјавил дека бројот на загинати се искачил на 3 во понеделникот наутро. Засега нема официјална потврда за третата жртва.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека причината за пожарот сè уште не е позната.

Се појавија вознемирувачки снимки од местото на експлозијата во станбената зграда, кои ги прикажуваат моментот по детонацијата и последиците од силниот удар. На снимките се гледаат оштетените катови и урнати делови од фасадата. Особено шокантни се сцените на телата на двете жртви кои, според наводите, останале да висат на балконот по експлозијата.

Надлежните органи покренаа кривична истрага за експлозијата, но не соопштија дали има обвинети.

Share This Article