На социјалните мрежи се појави снимка од непознат маж кој во неделата (4 мај) среде бел ден уринираше врз свеќите и цвеќето за жртвите од падот на кровот на железничката станица во Нови Сад.
Неколку десетици граѓани подоцна вечерта се собраа на истото место и го измија просторот каде непознатиот маж го осквернави со мокрење. Граѓаните побара од властите да го легимитираат лицето.
„Чинот на мокрење врз споменикот на нечија трагична, криминално предизвикана смрт претставува најново, најшокантно ниво на ароганција и зло што режимот и режимските медиуми го генерираат со години, денот откако Србија ја одбележа годишнината од масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград и масакрите во Дубона и Мали Орашје, и 6 месеци од уривањето на крошната во Нови Сад“, се нагласува во соопштението на граѓанските здруженија.
Tagged as:
Маж уринираше врз свеќите и врз цвеќето за жртвите од несреќата
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
